ЌЕ СЕ ОЖЕНИШ СО МЕНЕ

23.09/ЧЕТВРТОК/19:30

ГЛЕДАЈ

АНГЛИЈА

ЌЕ СЕ ОЖЕНИШ СО МЕНЕ

23.09/ЧЕТВРТОК/19:30

ЗА ПРЕТСТАВАТА

„Ќе се омажиш за мене“ е краток видео перформанс кој е создаден за време на полицискиот час, користејќи реквизити и литература кои можат да се најдат по дома и е целосно снимен на iPhone, преку кој бестрашно е опфатена ситуацијата со глобалната пандемија во 2020 година.
Овa нереално видео раскажува приказна за човек кој е затворен помеѓу четири ѕидови, спорејќи го својот род и неговата волја за преживување. Надвиснати и лебдечки моменти на самотија, истовремено пропратени со многу страст и посакување. Ова е начинот на кој овој човек се сомнева, на кој посакува, љуби, танцува, пее, преку моќта на просторот од најпразните катедрали. Ова е начинот на кој овој човек сака да продолжи понатаму и покрај сè. Ова е начинот на кој овој човек сака да стапи во брак со својот живот.
Festival sellection:
Lift-Off Film Festival - London, UK | July 2020
Flickfair - Los Angeles, USA | Aug 2020
Stagedoor (part of Streamdoor) - London, UK | Sep 2020

РЕЖИСЕР

Петар Милошевски е актер, изведувач и режисер кој живее и работи во Лондон и е активен на театарската сцена од свои 8 години. Роден е во Македонија и своето формално образование го завршил на Националната академија за театар и филмска уметност во Софија, оддел актерска игра, по што се преселил во Лондон каде што ги завршил своите постдипломски студии и се стекнал со титула Магистер по уметност во напредна театарска пракса (перформанс) при Кралската централна школа за говор и драма.
Во последните години, Петар, во својата професионална работа се фокусира на иновативни соло проекти, кои се изведуваат во камерни театри, неконвенционални настани, како и проекти кои се создаваат за настани кои се врзани со специфични локации во Лондон, Обединетото Кралство и Европа.
Сам ги пишува своите текстови и сам работи на дизајнот на светло, звук, музика, сценографија, костим, со што неговите перформанси често добиваат позитивни забелешки за нивната иновативна комбинација на говор и физички театар. Многумина кои ја следеле неговата работа, во Обединетото Кралство и во Европа, го забележуваат начинот на кој ги премостува и зближува двата света: на дисциплината и моќноста на драмската структура која потекнува од источноевропските театарски школи, преку пристап кој не го почитува креативниот процес, кој стана заштитен знак на британското театарско творештво.
Неговите соло изведби се секогаш храбри и ги предизвикуваат идеите за театарот и добиле голем број на критики и интернационални театарски награди.

ЛИНКОВИ

ВЕБ САЈТ : www.petarmiloshevski.com

ФЕЈСБУК : www.facebook.com/

ИНСТАГРАМ : : www.instagram.com

ПРОДУКЦИЈА

ДРЖАВА: АНГЛИЈА

АВТОР : Петар Милошевски

ПРОДУКЦИЈА : Петар Милошевски

РЕЖИСЕР : Петар Милошевски

АКТЕР, СЦЕНОГРАФИЈА, КОСТИМ, МУЗИКА: Петар Милошевски

КРАТКА БИОГРАФИЈА НА ПРЕТСТАВАТА

ВРЕМЕТРАЕЊЕ : 12 мин

ПРЕМИЕРА : 2020

ЈАЗИК : англиски