STURM

UND

DRANG

REVIEW

КОНКУРС ЗА МЛАДИ АВТОРИ



ЈАВЕН ПОВИК ЗА НОВИОТ БРАН АВТОРИ [ДО 35 ГОД.] // КОНКУРС НА ТЕМА ПРОДОР // КАТЕГОРИИ: ФОТОГРАФИЈА, ДИЗАЈН НА ПОСТЕР, МУЗИКА И ПОЕЗИЈА // ВО РАМКИ НА „Театарски Европски Алтернативи“ – STURM UND DRANG.

Фестивал на Европски Театарски групи, артисти, уметници. Интернационална платформа за промоција и соработка помеѓу уметниците ширум Европа. Онлајн Интернационалниот Алтернативен Фестивал “Театарски Европски Алтернативи” – STURM UND DRANG објавува јавен повик за програмата НОВ БРАН (New Wave) која ќе биде дел од програмата на првото издание на Фестивалот кој ќе се одржи од 17.09. до 23.09. 2021 година.

Покрај Интернационалната и Студентската програма, во рамките на Фестивалот, секоја година ќе се претставуваат уметници од земјата која е во фокус. НОВ БРАН е гласот на уметниците ширум светот. Оваа година, како домаќини на фестивалот ја започнуваме со уметници (до 35 години) од нашата земја во неколку категории: визуелни уметности (фотографија и дизајн на постер), музика и поезија.

Темата на која уметниците ќе творат е ПРОДОР. Од секоја категорија селекторите ќе ги изберат најдобрите тројца кои ќе се претстават со своите дела на Фестивалот. На крајот публиката со онлајн гласање за време на фестивалот ќе го избере најдоброто дело, а на уметникот ќе му биде врачена официјалната награда на фестивалот за НАЈДОБРО ДЕЛО на тема ПРОДОР, на групна јавна изложба. Конкурсот ќе биде спроведен анонимно. Делата од страна на организаторот до селекторите ќе бидат испраќани без наведено име и презиме на уметникот.

Со огромно задоволство сакаме да ви ги најавиме нашите почитувани селектори за оваа програма. Џијан Емин за музика, Никола Маџиров за поезија и Дејан Џолев за визуелни уметности // АПЛИЦИРАЈ!