Онлајн Интернационален Алтернативен Фестивал на Европски Театарски групи, артисти, уметници. Интернационална платформа за промоција и соработка помеѓу уметниците ширум Европа.

STURM

UND

DRANG

STURM UND DRANG - БУРА И ПРОДОР

Дали алтернативата треба да трага по нови форми? Не. Дали алтернативата треба да трага по нови сценски простори? Не. Алтернативата треба да трага по чувството, содржано во сите форми, на сите простори... од исконот до денес.

“Секој посилен живот минува низ останатите проголтувајќи ги како преобразба, како добро, како препород“, така вели гласот на Antonin Artaud. Така вели и гласот на Театарски Европски Алтернативи - секој алтернативен театар минува низ вообичаениот, конвенционален театар проголтувајќи го како преобразба, како препород. Театарски Европски Алтернативи, преку Sturm und Drang, го расчистува патот од шаблонизираното секојдневие продирајќи на “другата страна“, таму кај што е смислата, сржта, таму кај што е чувството, едно и единствено: за сите форми, за сите изрази, за секое време, за секој простор.

Формите се бесконечни

Чувството е едно

“Сѐ е во чувството“, заклучува Фауст на крајот од своето патешествие.

Автор на текстот: Суад Беговски - Сухи, актер