10 МИНИБАЛЕТИ

17.09/ПЕТОК/19:30

КУПИ БИЛЕТ

ИТАЛИЈА

10 МИНИБАЛЕТИ

17.09/ПЕТОК/19:30

ЗА ПРЕТСТАВАТА

Перформансот претставува антологија од танци кои ја балансираат геометријата и вртлогот, каде што воздушниот елемент е парадигма за рефлексијата на ограничувањето на контролата. Струи и бури, вентилатори и дронови, птици и gran-jetés, стануваат алегории за врската помеѓу кореографијата и танцот во потрагата која отскокнува од репетиција до импровизација, од пишување и интерпретација. Врвот на оваа потрага е бележникот од детството на Франческа Пенини, во кој има забележано низа од кореографии, смислени, но никогаш неостварени. Временска машина за една невозможна археологија која е одбиена од сцената низ серија на несекојдневни можности. Телото поминува низ тест, позајмувајќи ги принципите на термодинамиката, движејќи се од пластичноста на гимнастиката до исчезнувањето на инерцијата. Помеѓу искривеноста и загушливите напори, се активира една воздушна размена која ги спојува волумените на телото и просторот, публиката и сцената во една неизвесна и лебдечка географија.

РЕЖИСЕР/ТЕАТАР

Франческа Пенини (Ферара, 1984) ја започнува својата кариера како гимнастичарка, а подоцна се посветува на современиот танц. Студирала при Balletto di Toscana, Laban Centre во Лондон и истражувала низа на дисциплини: од буто до слободен танц, од боречки вештини до натпревари во диско танц. Работела како фриленс танчер за Sasha Waltz & Guests. Во 2007 година ја основала организацијата CollettivO CineticO, како флексибилна мрежа од уметници, која има повеќе од 50 членови од различни дисциплини, кои пак се фокусираат на движењето и одржувањето на структурата на организацијата во континуирана динамика. Одржува предавања и семинари во повеќе музеи и уметнички центри, како што се Biennale College Danza во Венеција, MAXXI музејот во Рим, Palazzo Strozzi во Фиренца, Академијата за убави уметности во Рим и Академијата за убави уметности во Милано. Истовремено предава како професор во “Театар и изведбени уметности” при IUAV во Венеција.
CollettivO CineticO е основана во 2007 година од страна на кореографот Франческа Пенини и во моментот функционира како мрежа составена од повеќе од 50 уметници од различни дисциплини. Нивната работа ја премостува врската помеѓу родовите и правилата, притоа рушејќи ги правилата за перформансот и преиспитувајќи ја врската помеѓу гледачот низ крут, но истовремено ироничен пристап. Организацијата досега има остварено 60 дела и освоено многубројни награди како што се: GD’A награда во 2008 година; Rete Critica награда за најдобар италијански уметник во 2014 година; Jurislav Korenić награда за најдобар млад режисер во Сараево во 2014 година; Danza & Danza награда во 2015 година; Награда на MESS фестивалот во Сараево во 2016 година; Hystrio Iceberg награда во 2016 година; Награда од Националната асоцијација на критичари во 2016 година; UBU награда за најдобар танцов дел во 2017 година и ГРАН ПРИ награда за најдобар перформанс на MESS фестивалот во Сараево во 2018 година.

ЛИНКОВИ

ВЕБ САЈТ : www.collettivocinetico.it

ФЕЈСБУК : www.facebook.com

ИНСТАГРАМ : www.instagram.com

ПРОДУКЦИЈА

ДРЖАВА: ИТАЛИЈА

АВТОР : Francesca Pennini

ПРОДУКЦИЈА : CollettivO CineticO, Danae Festival

РЕЖИСЕР : Francesca Pennini

ЕКИПА : Режија и кореографија: Francesca Pennini Дрматургија, дизајн на светло и дрон: Angelo Pedroni Асистент: Carmine Parise МУЗИКА: J.S. Bach, B. Britten, Cher, Frescobaldi, Ligeti, Purcell, Romitelli, Strauss.

КРАТКА БИОГРАФИЈА НА ПРЕТСТАВАТА

ВРЕМЕТРАЕЊЕ : 50мин

ПРЕМИЕРА : 2015

ЈАЗИК : италијански, англиски и превод на македонски

БИЛЕТИ : Link